НАСКОРО ВО ПОЛСКА ВОЗОВИТЕ ЌЕ ВОЗАТ СО 250 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, од Варшава до Краков ќе се патува половина час

Во Полска, возовите наскоро би можеле да сообраќаат по централната железничка линија со брзина до 250 километри на час, скратувајќи го времето на патување помеѓу Варшава и Краков за околу половина час.

-Полските железници се развиваат, а возовите што ќе сообраќаат со 250 километри на час се само почеток, изјави полскиот министер за инфраструктура, Дариуш Климчак, откако возот Пендолино достигна брзина од 253 километри на час за време на тестот оваа недела.

Во моментов, максималната редовна брзина на возовите во Полска е 200 километри на час. Оваа брзина се постигнува главно со возови на модернизираните делови од линијата помеѓу Варшава, Краков, Катовице и Гдањск.

GSM-R технологијата беше успешно тестирана на линијата CMK во понеделник. Дигиталната радио мрежа е клучна безбедносна компонента потребна за поддршка на управувањето со сообраќајот на возовите со брзина над 160 километри на час.

Возовите што ги управува државниот железнички оператор на долги релации PKP Intercity ќе сообраќаат со брзина од 250 километри на час од декември 2027 година, што се совпаѓа со презентацијата на националниот возен ред за 2027/28 година.

Според министерот, во изнина возовите би можеле да сообраќаат по полските железници со брзина до 320 километри на час, објавува порталот Notes from Poland.

Сегашната влада планира да изгради 2.700 километри железнички пруги за возови што сообраќаат со брзина до 320 километри на час.

Бројот на патници на полската железничка мрежа расте во последните години. Во првата половина од 2026 година, рекордни 44,7 милиони патници беа превезени со PKP Intercity, што е за повеќе од 10 проценти повеќе од минатогодишниот рекорд и околу 45 проценти повеќе од три години претходно, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано