Нафтата Брент поскапе за над 4%, европските берзи под притисок од кризата на Блискиот Исток

Европските берзански индекси денеска претежно бележат пад, додека цената на нафтата значително порасна поради новите тензии меѓу Иран и Израел. Инвеститорите стравуваат дека евентуалната ескалација на конфликтот би можела дополнително да ја дестабилизира состојбата на Блискиот Исток и да предизвика нови потреси на енергетските пазари.

Според берзанските, цената на американската сурова нафта WTI порасна за 4,02 проценти и достигна 94,20 долари за барел. Во исто време, цената на нафтата Брент се зголеми за 4,37 проценти, достигнувајќи 97,13 долари за барел.

На европските пазари, германскиот индекс DAX забележа пад од 0,94 проценти, францускиот CAC 40 се намали за 0,65 проценти, а британскиот FTSE 100 ослабе за 0,21 процент.

Од друга страна, рускиот берзански индекс MOEX оствари благ раст од 0,06 проценти.

Зголемувањето на цените на нафтата доаѓа во услови на засилена геополитичка неизвесност, при што пазарите внимателно ги следат случувањата на Блискиот Исток и нивното потенцијално влијание врз глобалната економија и енергетските текови.

Повеќе од истиот автор

Најчитано