На Светскиот ден на детето, Бимилк и СОС Детско село одбележуваат 10 години соработка

За десет години едно дете може да тргне на училиште, да стекне другар за цел живот и да открие во што е добро. Низ сите тие промени важно е да има со кого да ја сподели радоста и кому да се обрати кога нешто го мачи. На 20 ноември, Светскиот ден на детето, Бимилк и СОС Детско село Македонија одбележуваат десет години соработка посветена на децата и младите без родителска грижа и згрижувачките семејствата што се грижат за нив. Партнерството продолжува и во 2027 година.

Во 2016 година Бимилк почна да обезбедува млеко за децата поддржани од СОС Детско село за целата година. Со текот на времето, соработката растеше заедно со децата. Во 2023 година, под мотото „Растеме заедно“, таа прерасна во стратешко партнерство кое, покрај донациите на млечни производи, вклучи и месечна финансиска поддршка.

„Секое дете заслужува дом во кој се чувствува сакано и има слобода да сонува за својата иднина. Згрижувачките семејства им ја даваат таа можност на децата, а наша одговорност е да бидеме покрај нив. Пред десет години ја започнавме соработката со СОС Детско село со млекото на Битолска млекара, со кое пораснаа генерации во Македонија. Од таа прва донација изградивме партнерство чија вредност е во довербата дека семејствата можат да сметаат на Бимилк од година во година. И во 2027 година ја продолжуваме оваа заедничка мисија, со желба што повеќе деца да растат со сигурноста што ја носи чувството дека некому му припаѓаш“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

“Грижата за едно дете подразбира секојдневна посветеност, но и долгорочно планирање на неговата иднина. Токму затоа партнерствата како ова со Бимилк, кое трае веќе 10 години, имаат особена вредност за нашата работа. Нивната континуирана поддршка ни овозможува со поголема сигурност да ја планираме и обезбедуваме грижата за децата и поддршката за згрижувачките семејства. Зад овие десет години соработка стои заедничка посветеност на една важна цел, секое дете да има стабилна и сигурна средина во која ќе расте, ќе напредува и ќе верува во своите можности“, велат од СОС Детско село Македонија.

За Бимилк, како општествено одговорна компанија, вложувањето во подобра иднина за децата во Македонија почнува со грижата што ја добиваат денес. Затоа компанијата и понатаму ќе продолжи да ја поддржува значајната работа и делување на СОС Детско село.

Повеќе од истиот автор

Најчитано