На музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери -Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк

Филијалата на Халкбанк во Тафталиџе се претвори во сцена за уникатно музичко доживување. Во духот на светските Tiny Desk и Secret Experience концепти, клиентите и посетителите имаа можност да уживаат во ексклузивен pop-up концерт на популарниот музички артист, Young Dadi и неговиот бенд.

Наместо со вообичаено банкарско секојдневие, филијалата вчера беше исполнета со музика, енергија и опуштена атмосфера, а клиентите и вработените за момент ги ставија своите обврски на пауза и уживаа во хитовите на Young Dadi.  

Со ова искуство, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата определба банката да биде повеќе од простор со шалтери, документи и трансакции. Таа може да биде и место за уникатно доживување, спонтана дружба, споделена доверба и вистински човечки поврзувања.

„Нашата идеја е да ја смениме перцепцијата на луѓето за униформираниот изглед и строго корпоративниот стил на банкарските филијали. Да покажеме дека Халкбанк, покрај квалитетни и поволни услуги, на своите клиенти може да им понуди и едно поинакво искуство кое не е директно поврзано со банкарското портфолио. Нема подобар начин за тоа од внесување на креативноста, уметноста и урбаната култура во брзото секојдневие на луѓето“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Pop-up настапот на Young Dadi е само дел од серијата настани кои Халкбанк ги организираше во своите филијали. Претходно, во повеќе филијали низ Македонија беа поставени изложби на уметнички дела, се организираа летни инсталации, настани за пензионери и креативни работилници за деца.

„Важни се луѓето“ и „Важна е културата“ не се само пораки на банката, туку начин на кој таа ја гради секојдневната комуникација, од односот меѓу вработените и клиентите, до соработката и поддршката на креативната сцена, културата и музиката.

Настапот на Young Dadi во Халкбанк донесе токму таква енергија и емоција. Блиска, автентична и неочекувана, покажувајќи дека некогаш најубавите моменти се случуваат токму таму каде што најмалку ги очекуваме.

Повеќе од истиот автор

Најчитано