Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп (ФМТКП) треба да продолжи да се развива како модерна и конкурентна локална компанија, која ги поврзува глобалните амбиции со одговорноста кон вработените и заедницата, вели генералниот директор Миљан Жарковиќ, во интервјуто за Економија и бизнис.
Неговата визија е компанијата да ја зацврсти својата позиција преку иновации, дигитализација и технолошка модернизација, истовремено задржувајќи ја поврзаноста со македонското тутунопроизводство и локалната средина.
„Сакам ФМТКП да биде препознаена како двигател на развојот и како доказ дека и од Македонија можат да се создаваат успешни приказни со регионално и глобално значење“, истакнува Жарковиќ.
Тој нагласува дека успехот на компанијата не треба да се оценува само преку финансиските резултати, туку и преку придонесот кон луѓето, партнерите и пошироката заедница.
Како важни предуслови за остварување на оваа визија ги посочува довербата, отворената комуникација, развојот на вработените и долгорочните партнерски односи, како и поддршката на локалната заедница преку проекти и иницијативи.
Според Жарковиќ, идниот успех ќе зависи од способноста на компанијата да се приспособува на глобалните промени, без да ги изгуби своите корени и одговорноста кон средината во која работи.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








