Мицкоски: Над 4.500 „лажни“ корисници на социјална помош, буџетот плаќал и за починати и отселени лица

Зграда на Влада на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека при проверката на корисниците на гарантирана минимална помош и социјална сигурност досега се откриени повеќе од 4.500 неправилни корисници. Според него, меѓу нив имало починати, отселени и лица кои не постоеле.

Мицкоски рече дека по деталната анализа и теренските проверки, месечната сметка за социјална помош во споредба со истиот месец минатата година е намалена за 200 милиони денари. Тој додаде дека проверката сè уште не е завршена и дека останува да се проверат околу една петтина до една шестина од вкупниот број корисници.

„Ние од буџетот сме трошеле повеќе од милијарда, милијарда и пол на корисници за гарантирана минимална помош и социјална сигурност“, рече премиерот, оценувајќи дека реформите во системот можат да ослободат значителни средства за капитални инвестиции.

Повеќе од истиот автор

Најчитано