Маск повторно над 1 трилион долари: Богатството му порасна за 30,6 милијарди долари за едно утро

Нето-вредноста на американскиот претприемач Илон Маск повторно ја надмина границата од 1 трилион долари, по растот на цените на акциите на неговите компании SpaceX и Tesla. Според „Форбс“, неговото богатство само во понеделникот наутро се зголемило за 30,6 милијарди долари во однос на петокот.

Акциите на SpaceX во утринското тргување пораснаа за повеќе од 5 проценти, додека Tesla забележа раст од над 1 процент. Само во петокот богатството на Маск пораснало за околу 61 милијарда долари, поттикнато од поскапувањето на акциите на двете компании.

Маск првпат ја надмина границата од 1 трилион долари во јуни, кога неговото богатство според „Форбс“ достигна околу 1,1 трилион долари. Потоа вредноста повторно падна под ова ниво поради падот на акциите на SpaceX и Tesla, но со најновиот раст Маск повторно се врати над историскиот праг.

Повеќе од истиот автор

Најчитано