Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија во моментов има 5-6 сериозни потенцијални инвеститори за изградба на дата центри, кои би биле дел од развојот на индустријата поврзана со вештачката интелигенција.
Тој посочи дека Владата веќе работи на адаптација на законската регулатива и на обезбедување услови за привлекување на вакви инвестиции. Според Мицкоски, доколку се реализираат половина од потенцијалните проекти, Македонија би можела да остварува извоз на услуги вреден стотици милиони евра или долари, како и да создаде високо платени и квалитетни работни места.
„Ова не е веќе индустрија на иднината, туку индустрија на сегашноста“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека државата мора да го искористи моментот за развој на оваа индустрија.








