MEЃУНАРОДЕН САЕМ ОТВОРЕН БАЛКАН ЗА ВИНО,ХРАНА И РАКИЈА ВО БЕЛГРАД

Меѓународниот саем за вино, храна и ракија „Wine Vision by Open Balkan“ ќе се одржи на Белградскиот саем од 10 до 12 октомври и ќе учествуваат 550 излагачи од повеќе од 30 земји.

Овогодинешниот саем се одржува под слоганот „Едно место. Целиот свет“ и по петти пат на истото место ќе ги собере производителите, дистрибутерите, професионалните купувачи, експертите и љубителите на вино од Србија, регионот и бројни земји од светот.

Како што најави Владата на Србија, овој настан е еден од најголемите и најважните вински и гастрономски настани во Европа, а купувачи и продавачи од 45 земји го најавија своето пристигнување, а закажани се повеќе од 2.000 бизнис-средби. Саемот ќе организира и евалуација на повеќе од 800 вина. Тие ќе бидат оценети од 26 судии од 18 земји, меѓу кои шест се носители на титулата „Мајстор на вино“, а фокусот ќе биде на квалитетот и автентичноста на вината и сортите. Балканските ракии ќе бидат оценувани од меѓународни експерти за дестилати од натпреварот Spirits Selection by CMB.

Специјален сегмент оваа година ќе биде настанот Food Vision, посветен на регионалната гастрономија и угостителство, пренесува Телеграф.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано