МАЛИТЕ КОМПАНИИ СЕ НАЈПОГОДЕНИ ОД БЛОКАДИТЕ ВО ОРМУСКАТА ТЕСНИНА, предупредување од УНКТАД

Проблемите со сообраќајот низ Ормуската Теснина би можеле сериозно да ги загрозат малите и средните претпријатија и да ги истиснат од глобалните синџири на снабдување. Ова дополнително би ја зајакнало позицијата на големите компании и би ја ослабнало отпорноста на меѓународната трговија, предупреди Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).

Војната меѓу САД и Иран ги зголеми трошоците за енергија, транспорт и осигурување и го отежна финансирањето. Малите и средните претпријатија потешко се справуваат со вакви услови отколку големите компании, кои можат полесно да ги прошират своите мрежи на добавувачи и да најдат нови пазари и извори на финансирање. Малите и средните претпријатија сочинуваат околу 90 проценти од светските компании, вработуваат 70 проценти од работната сила и генерираат половина од светскиот БДП, потсети УНКТАД во извештај објавен вчера.

Прекините во транзитот низ Ормуз веќе се одразуваат во повисоки цени на нафтата, помал поморски сообраќај и поскапо финансирање. Ова дополнително го комплицира работењето на малите и средните претпријатија, кои веќе имаат повисоки трошоци за електрична енергија и увоз од големите компании. Последиците од значително намалениот сообраќај низ Ормуската Теснина би можеле да одат многу подалеку од транспортот, предупреди УНКТАД.

„Најголемиот проблем е што трговските нарушувања би можеле да ги принудат помалите компании да ги намалат операциите или да ги напуштат одредени пазари, дури и ако глобалната трговија наскоро почне да се опоравува“, изјави портпаролот на УНКТАД, Марсело Риси, пренесува Индекс.хр.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано