Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека во Хрватска е усвоен закон со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи.
– Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот што произлезе со воведување на ЕЕС-системот во шенген-зоната. Овој закон многу ќе им помогне на македонските професионални возачи, напиша Николоски во својата објава на социјалните мрежи.
Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава.
– Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи, објави вицепремиерот Николоски.
Фото Економија и бизнис







