Македонска берза во јули 2026: Прометот се намали за 11,45 %, Алкалоид најтргувана акција

Прометот на Македонската берза во јули достигна 335,3 милиони денари, што е за 11,45 % помалку во однос на јуни. Алкалоид и Комерцијална банка доминираа по вредност на тргување, додека најголем раст забележа Адинг
Тргување на Македонската берза во јули 2026 – преглед на прометот, најтргуваните акции и месечните берзански резултати.

Македонската берза во јули 2026 година оствари вкупен промет од 335,3 милиони денари (5,45 милиони евра), што претставува намалување од 11,45 % во однос на претходниот месец. Најголем промет беше реализиран со акциите на Алкалоид, Комерцијална банка и Универзална Инвестициона Банка Скопје, додека од вкупно 16 акции што забележаа промена на цената, четири остварија раст, а дванаесет пад.

Месечен извештај: Македонска берза јули 2026 година

Берза: Македонска берза
Вкупен промет: 335,3 милиони денари
Промена: -11,45 (во однос на јуни)
Најтргувана акција: Алкалоид Скопје
Топ 3 по промет: Алкалоид Скопје, Комерцијална банка и Универзална Инвестициона Банка Скопје
Акции со раст:4
Акции со пад: 12
Најголем раст: Адинг Скопје (+3,85 %)
Најголем пад: ТТК Банка АД Скопје (-8 %)

Во месец јули годинава на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 335,3 милиони денари (5,45 милиони евра), што претставува намалување од 11,45 % во однос на претходниот месец (јуни) од 2026 година.

Овој промет беше остварен со 1 352 трансакции со кои се истргуваа 49 663 акции и 121 035 oбврзници.

Најтргувани акции во јули 2026

Најголем промет во јули на Македонска берза имаа акциите на Алкалоид Скопје, Комерцијална банка и Универзална Инвестициона Банка Скопје 123, 113,7 и 34,3 милиони денари.

Потоа следуваат Макпетрол Скопје и Македонски Телеком Скопје со промет 9,5 и 8,6 милиони денари.

КомпанијаПромет
Алкалоид123 милиони денари
Комерцијална банка113,7 милиони денари
Универзална Инвестициона Банка Скопје34,3 милиони денари
Макпетрол Скопје9,5 милиони денари
Македонски Телеком Скопје8,6 милиони денари

Добитници и губитници

Топ 3 акции со раст на вредноста во јули се:

  • Адинг Скопје – раст од 3,85 %
  • Тетекс Тетово – раст од 0,27 %
  • Стопанска банка Скопје (приоритетни акции) – раст од 0,13 %

Топ 3 акции со пад на вредноста во јули се:

  • ТТК Банка АД Скопје – пад од 8 %
  • Алкалоид Скопје – пад од 6,13 %
  • Универзална Инвестициона Банка Скопје – пад од 4,45 %

Активност по количина

Според бројот на истргувани акции, најактивни беа:

  • Македонски Телеком Скопје – 17 482 акции
  • Стопанска банка Скопје – 5 754 акции
  • Алкалоид Скопје – 5 361 акции

Истовремено во месец јули беа реализирани и 2 блок трансакции со акциите на Комерцијална банка Скопје (се истргуваа 509 акции за 13,2 милиони денари), и по една блок транскација со акции на Алкалоид Скопје (100 акции за 2,23 милиони денари), Реинг Скопје (706 акции за 2,25 милиони денари) и ВФП Пензиско друштво Скопје (444 999 акции за 27,4 милиони денари).

Иако јулскиот промет беше понизок во споредба со јуни, активноста на Македонската берза остана концентрирана кај неколку водечки компании, пред сè Алкалоид и Комерцијална банка. Истовремено, реализираните блок-трансакции и високата активност кај одредени издавачи покажуваат дека интересот на инвеститорите и понатаму е насочен кон најликвидните хартии од вредност.


Подготви: Кирко Бошкоски | Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано