Пред почетокот на летната туристичка сезона поразговаравме со неа за нивните понуди за лето 2026.
Во вашата понуда имате повеќе дестинации, како што се Египет, Шпанија, Тунис, Турција, Италија, Малта и Грција. Какви се вашите очекувања за лето 2026? Можете ли подетално да ни раскажете за сите дестинации и нивната безбедност?
Маневска: Оваа сезона имаме полно дестинации, бидејќи во МК се воведоа многу нови авио линии и сакаме на нашите патници да им овозможиме поголем избор.
ЕГИПЕТ
Наша главна дестинација.
Би сакала да ја потенцирам безбедноста на Египет.
Египет има повеќе договори и рамки поврзани со безбедноста — и билатерални (со поединечни држави) и мултилатерални (во рамки на организации).
Еве дел од најважните:
- Мировен договор со Израел
- Стратешко партнерство со УСА
- Членка на Arab League
- Членка на African Union
- Соработка со ЕУ и НАТО (индиректна)…
Во месец март 2026 над 80 туристички агенции беа на инфо тури во Хургада која е максимално безбедна.
Ќе напоменам дека и патниците кои се вратија од неколку земји од Блискиот Исток, до МК и останатите балкански земји полетуваа токму од Египет.
Колегите од регионот, Србија на пример пред неколку дена ја отвори сезоната на летување во Хургада, полетаа авионите полни со патници.
Ги охрабрувам сите патници кои имаат желба ова лето да го поминат на егзотична дестинација, да ја изберат Хургада.
ШПАНИЈА
Имаме авионски понуди за Коста Брава, Бенидорм, Малага, Андалузија и автобуски – летување во Шпанија со посета на Италија и Франција.
Атрактивна дестинација, веќе мај и јуни се комплетно букирани. Ќе се лета трипати неделно.
Шпанија е апсолутно безбедна.
ТУНИС
Фантастична медитеранска дестинација, летаме еднаш неделно, аранжманите се со 6 и 14 ноќи, нудиме исклучиво убави хотели. Топла препорака доколку сакате опуштен одмор и француско – туниска храна.
Тунис е безбеден и солидно букиран за следново лето.
ТУРЦИЈА
Нудиме реон Анталија / Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара и на посебен лет Бодрум – со директен лет од Скопје.
НОВО! ДИРЕКТЕН ЧАРТЕР ОХРИД – АНТАЛИЈА! – Започнуваме од 26 ЈУНИ – летови секој петок
Турција е безбедна дестинација.
Ако се сеќавате дури и во време на короната Турција беше отворена за летување и секогаш ќе биде.
ИТАЛИЈА
Авионски летаме во пределот на Неапол и Сардинија, за Сицилија имаме и авионски и автобуски понуди.
Апсолутно безбедна дестинација.
МАЛТА
Малта ја работиме со индивидуални понуди, Можете да патувате кога сакате, да бирате денови на престој и тип на аранжман преку целата година.
Апсолутно безбедна дестинација.
ГРЦИЈА
Во Грција нудиме хотели и неколку апартмани. Грција е дестинација на која доколку не се оди на подолго летување, редовно се оди барем за празници и викенди.
Апсолутно безбедна дестинација.

Какви се вашите видувања за воведувањето на ЕЕЅ системот?
В. Маневска: Од 10.04.2026 на границите на Европската Унија стапи во сила целосната имплементација на системот EES (Entry/Exit System).
Главната новина е дека системот ќе зема отпечатоци од прсти и ќе ги фотографира патниците при секој влез и излез од Шенген зоната, и ќе ја евидентира должината на престојот во странство.
Наместо класичните печати во пасошите, софтверот автоматски ги пресметува преостанатите денови од дозволениот престој (максимум 90 дена во период од 180 дена).
Процедурата е следна:
Патници кои патуваат за прв пат во рамките на EES
Доколку преминувате во Шенген зоната за прв пат од воведувањето на EES, ќе поминете низ целосен процес на регистрација. Ова вклучува:
- Скенирање на отпечаток од прст
- Фотографирање на лицето
- Собирање податоци од пасошот, како што се вашето целосно име, датум на раѓање и број на патна исправа.
За да се олесни овој процес, многу гранични премини ќе имаат пунктови за самопослужување или мобилни апликации каде што ќе можете да ги предрегистрирате вашите податоци пред да се сретнете со граничен службеник. Овие алатки го намалуваат времето на чекање и го прават искуството поефикасно, особено на прометните аеродроми и копнени гранични премини.
Патници што се враќаат
Доколку веќе сте биле регистрирани еднаш, процесот е многу побрз на следните патувања. Граничните службеници едноставно ќе ги потврдат вашите зачувани биометриски податоци, како што се вашите отпечатоци од прсти или фотографија од лице, наместо повторно да ги земаат.
Патниците што поседуваат биометриски пасоши честопати можат да користат системи за самопослужување за верификација, што ги прави преминувањата поефикасни. Ова значи дека честите патници ќе забележат значителна заштеда на време во споредба со традиционалниот систем за печати.
Ќе напоменам дека ако во последните 180 дена, веќе 90 дена сте престојувале во земјите кои подлежат на EES (Entry/Exit System), постои можност да ве вратат од граница / аеродром доколку патувате во некоја од следните земји, и замолувам секој добро да пресмета колку денови престојувал во земјите каде функционира ЕЕS:
- Австрија, Франција, Литванија, Словачка, Белгија, Германија, Луксембург, Словенија, Бугарија, Грција, Малта, Шпанија, Хрватска, Унгарија, Холандија, Шведска, Чешка, Исланд, Норвешка, Швајцарија, Данска, Италија, Полска, Естонија, Латвија, Португалија, Финска, Лихтенштајн, Романија.
Од дестинациите на Лабранда Травел, во овој систем на идентификација не спаѓаат Египет, Тунис и Турција.
Какви се вашите очекувања за гужви и застои на аеродромите и граните за следнава сезона при користење на ЕЕЅ системот?
В. Маневска: Се надеваме дека нема да бидат големи гужвите и застоите, но тоа со сигурност никој не може да го потврди.
На патниците кои имаат странски пасоши им предлагаме да патуваат со истите.
На патниците кои се со многу мали деца им предлагаме барем оваа сезона да изберат дестинации кои не подлежат на ЕЕЅ системот за да избегнат гужви.
Нешто што посебно сакам да го потенцирам во ова интервју е – патниците да не подлегнуваат на лажни вести на социјалните мрежи, да не веруваат во разноразни AI видеа и информации да бараат исклучиво во туристичките агенции.
Ниту една агенција не би сакала да превземе ризик и да нуди нестабилна дестинација за патување.
ЛАБРАНДА ТРАВЕЛ
- info@labranda.mk
- 072 320 560
ТЦ Бисер, Аеродром, Скопје







