КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СО ВИСОК ЕКОНОМСКИ РАСТ И ПОКРАЈ НАФТЕНАТА КРИЗА

Кинеската економија порасна за 4,6 проценти на годишно ниво во првите девет месеци од 2026 година, достигнувајќи вредност од 107,11 трилиони јуани (14,26 трилиони евра). Sпоред податоците објавени денес од Националното биро за статистика на Кина, oстварениот раст е во согласност со годишната цел на кинеската влада од околу 4,5 до пет проценти.

Бруто домашниот производ на Кина во третиот квартал од 2026 година порасна за 4,5 проценти на годишно ниво, по растот од 4,3 проценти во вториот квартал и пет проценти во првиот квартал од 2026 година.

Економскиот раст на Кина е поддржан од силната преработувачка индустрија, особено секторите за високотехнолошко производство и производство на опрема, како и од извозот и новите индустрии поврзани со вештачката интелигенција (ВИ).

Индустриското производство на големите претпријатија во Кина се зголеми за 5,3 проценти во првите девет месеци во споредба со истиот период минатата година, додека малопродажбата на стоки за широка потрошувачка се зголеми за 2,6 проценти.

Сепак, инвестициите во основни средства се намалија за 7,2 проценти на годишно ниво.

Кинеските економисти очекуваат дека економскиот раст би можел дополнително да се забрза во четвртиот квартал, благодарение на спроведувањето на новите мерки за економска поддршка и продолжувањето на силната производствена активност.

Според податоците од кинеската царина, надворешната трговија на земјата забележа најголем раст во последните пет години, при што извозот се зголеми за 16,4 проценти во првите девет месеци, а увозот за 22,3 проценти на годишно ниво, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано