Во јули 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа месечен раст од 0,01 п.п. и изнесува 4,68%, додека на годишна основа е намалена за 0,23 п.п.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18% и е повисока за 0,01 п.п. на месечно ниво, во услови на остварен годишен пад од 0,03 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јули, е зголемена за 0,06 п.п. и 0,02 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно и изнесува 4,44%.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити бележи месечен пад од 0,12 п.п. и изнесува 2,42%, при годишен раст од 0,07 п.п.








