КАКО ВИ И НОВИТЕ ПРОФЕСИИ ГО МЕНУВААТ ОБРАЗОВАНИЕТО И КАРИЕРАТА, панел дискусија во Европска куќа Скопје

Влијанието на вештачката интелигенција и појавата на нови професии врз образованието, вештините и идните кариери ќе бидат во фокусот на FutureX Summit 2026, кој ќе се одржи денеска во Европска куќа Скопје.

Настанот е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС), со учество на домашни и меѓународни експерти од областа на образованието, бизнисот и иновациите.

На отворањето најавено е обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска, директорката на ИКС, Жанета Трајкоска и деканката на Факултетот за менаџмент при Универзитетот на Приморска во Словенија, проф. Татјана Хорват.

Рамила Кафаџи Заде, експертка за писменост за иднината од Универзитетот Ханзе во Холандија, ќе говори за тоа како размислувањето за различни можни иднини може да помогне во донесувањето одлуки во сегашноста.

Во рамки на панел-дискусијата „FutureX дијалог“, посветена на образованието, кариерата и иновациите, ќе учествуваат проф. Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, претприемачот Данчо Димков, словенечкиот консултант за бизнис-иновации Томаж Павлица и д-р Александра Дединец од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

На самитот ќе бидат претставени и проекти на студенти од земјава, Словенија и Австрија, развиени во рамки на Академијата за подготвеност за иднината. 


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано