Извозот од ЕУ во САД се намали за една третина

Извозот од Европската Унија во Соединетите Американски Држави во првиот квартал од 2026 година се намали за 30,4 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави Евростат.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Европската Унија во земјите надвор од европскиот блок во првите три месеци од оваа година изнесуваше 640,5 милијарди евра, што претставува пад од 8,8 проценти на годишно ниво.

Во исто време, вредноста на увезените стоки во Европската Унија се намали за 3,3 проценти на годишно ниво и изнесуваше 627,8 милијарди евра.

На квартална основа, увозот се зголеми за 1,7 проценти во споредба со последниот квартал од 2025 година, додека извозот малку се намали за 0,1 процент.

И покрај големиот пад, САД се уште е најголемиот извозен пазар на Европската Унија, со вкупен извоз во вредност од 119,4 милијарди евра.

Во првиот квартал од 2026 година, Европската Унија увезе најмногу стоки од Кина, во вредност од 145,3 милијарди евра, што опфаќа 23,1 процент од вкупниот европски увоз.

Втор најголем извозник на стоки во Европската Унија се Соединетите Американски Држави со 85,9 милијарди евра, пред Велика Британија, Швајцарија и Турција, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано