Јавниот долг и буџетскиот дефицит се најдоа во фокусот на оценката на Извршните директори на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија. Јасна е дадената насока власта да креираа мерки со кои јавниот долг до 2035 година би достигнал ниво од 45% од бруто-домашниот производ, а засега е околу 59% од БДП. Дополнително, предизвик на кој ќе треба да се работи е задржувањето на фискалниот дефицит на 3,5% за 2026 година.
Веројатно еден од најсигурните начини за ова да се постигне, од Владата сметаат дека привлекувањето на нови инвестиции. Неодамна оттаму брифираа дека се во преговори со десет до петнаесет компании, чии инвестиции би тежеле до 300 милиони евра.
„Сите овие инвестиции треба да генерираат градежни активности во вредност од најмалку 300 милиони евра“, брифираа од Владата.
Сепак, на располагање стои уште една нереализирана инвестиција која во обем на градежни активности тежи повеќе од останатите – односно, 340 милиони евра за рудникот за бакар во Иловица и имајќи предвид дека е инвестиција во рударската индустрија, а цените на металите на светско ниво растат, тоа означува и значително зголемување на македонскиот извоз.
Ваквите инвестиции во рударството и во енергетика се во насока и на оценката на ММФ, во која се нагласува и важноста на зелената транзиција. За неа пак се неопходни критичните минерали како бакарот, алуминиумот, никелот, литиумот и други, со цел да се изградат ветерници, фотоволтаици, уреди на електрична енергија…
„Подобрувањето на енергетската ефикасност и забрзувањето на зелената транзиција се исто така клучни за подобрување на енергетската безбедност, намалување на ранливоста од ценовните шокови на енергенсите и поддршка на одржливиот раст“, се додава во публикацијата на ММФ.
Од Владата открија и дека заинтересирани за инвестирање се германска мултинационална компанија која резервирала парцели за изградба на две фабрики. Понатаму, американска компанија која се наоѓа на листата Fortune 500 и веќе започнала активности за вработување, како и турска компанија, која веќе работи во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово и планира нови производствени погони.
Токму во ТИРЗ Тетово неодамна веќе беше објавена турска инвестиција од автомобилската индустријата, која во првите пет години ќе тежи 20 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека стануваме атрактивна дестинација за компании кои работат во индустрии со висока додадена вредност и современи производни технологии.
-Кога една странска компанија носи одлука дел од своето производство да го пресели токму тука кај нас, тоа значи дека препознала сигурност, предвидливост и јасна економска перспектива… Нови компании доаѓаат, постојните инвеститори ги прошируваат своите капацитети, а земјата станува сѐ повидлива на мапата на европската индустрија. Токму затоа, секоја нова инвестиција ја гледаме како дел од една поширока стратегија. Ние не градиме економија заснована на задолжувања и статистички трикови. Градиме економија која се потпира на производство, инвестиции, извоз и реален економски раст, изјави премиерот Мицкоски.
Исто така и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши нагласи дека институцијата останува посветена на привлекување нови инвестиции и создавање услови за развој на постојните инвеститори, со цел да се обезбеди континуиран економски раст, поголема конкурентност на домашната економија и подобар животен стандард за граѓаните.
Додека извршните директори на ММФ ја поздравуваат „континуираната посветеност на властите кон фискалната консолидација за зајакнување на отпорноста и одржливоста на долгот“, останува да се види колку инвестиции
дополнително ќе се реализираат и дали ќе придонесат за остварување на целите за постигнување на економија на извоз.
Извозот секако може да биде силно поттикнат од инвестициите во рударството, а за изградба на рудникот за бакар во Иловица, односно првата фаза, инвеститорот најави 340 милиони евра приходи за државата. Од „Еуромакс ресоурцес“ истакнаа дека станува збор за најголема гринфилд инвестиција, која ќе обезбеди над 500 директни и 2.700 индиректни вработувања, а предност во вработувањата ќе има локалното население. Ќе бидат склучени договори со локални компании во висина од околу 180 милиони евра за време на изградбата и ќе се трошат 73 милиони евра годишно за локални набавки и услуги. Понатаму, со генерирање на просечен годишен приход од 180 милиони евра, проектот ќе придонесе во зголемување на БДП за дополнителни 3%, што ќе има и значително позитивно влијание врз македонскиот извоз.
Од локалната иницијатива „И здравје и работа“ која го поддржува проектот неодамна соопштија дека повеќегодишниот статус-кво околу рудникот „Иловица-Штука“ не е во интерес ниту на локалното население, ниту на инвеститорите, ниту на државата. Оттаму забележаа дека наместо фактите, науката и стручните анализи, сè почесто главниот збор во дебатата за рударството во Македонија го имаат дезинформациите и најгласните коментари на социјалните мрежи.
(комерцијална објава)








