Цената за електрични автомобили е една од најголемите пречки за купувачите, но податоците од Обединетото Кралство покажуваат дека овој однос почнува да се менува, пишува N1.
Новите електрични автомобили сè уште се скапи бидејќи развојот на новата технологија носи високи трошоци. Токму повисоката почетна цена им отежнува на многу купувачи да ги сфатат заштедите што ги носи користењето на електрично возило.
Сепак, според британските медиуми, ситуацијата почна да се менува. Просечната цена на нов електричен автомобил за прв пат падна под цената на бензински автомобил.
Големите попусти од производителите и трговците на мало, стимулациите за купување електрични возила и доаѓањето на попристапни модели се меѓу главните причини зошто Обединетото Кралство би можело да биде на патот кон поширока електрична мобилност.
Просечните производни цени кај електричните автомобили се уште се околу 15 проценти поскапи од бензинските автомобили. Но, пред неколку години разликата беше дури 34 проценти, што покажува колку брзо се менува односот на цените.
Просечната цена го претставува основниот износ утврден од производителите, додека трансакциската цена покажува колку всушност плаќаат купувачите. Кога ќе се земат предвид попустите, придонесите на дилерите и владините стимулации, се добива реалната, или трансакциската, цена.
Почетната цена е една од најголемите пречки за поширокото прифаќање на електричните возила со години. На пазарот се појавуваат сè повеќе прифатливи електрични автомобили. Бројот на нови електрични модели во Обединетото Кралство што чинат 30.000 фунти, или околу 35.000 евра или помалку, е зголемен во споредба со минатата година – од 31 на околу 40 модели.
Ова ги прави електричните возила попривлечни во однос на цената отколку порано.
Сепак, при донесувањето на одлуката за купување автомобил треба да се земат предвид и другите трошоци поврзани со поседувањето автомобил. Електричното возило може да донесе поголеми заштеди по изминат километар, но ова е можно само ако сопственикот има пристап до сопствен приклучок на енергија.
Електричните автомобили генерално имаат помалку подвижни делови, што може да значи пониски трошоци за сервисирање со текот на времето.
Од друга страна, нивната вредност се намалува малку побрзо од бензинските автомобили, што исто така треба да се земе предвид при продажба на возилото во иднина, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис








