Преку соопштение доставено до Македонската берза, од банката известуваат за следниве измени во органите на управување и надзор:
– Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија, г-ѓа Хрисула Кутуди повторно се именува за Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката, со мандат од 4 години, се вели во соопштението.








