ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ЗА 7,4 ОТСТО, НА АЛКОХОЛОТ ЗА 7 ОТСТО, цените на ноќевањата се намалени!

Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2,8 %. Цените на угостителските услуги во април 2026 година се зголемени за 0.6 % во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Цените на храната во угостителските објекти во април 2026 година во однос на април 2025 година се повисоки за 7,4 отсто, на алкохолните пијалоци за 7,0 отсто и безалкохолните за 3,3 отсто. Цените на ноќевањата во истиот период се намалиле за 12,5 отсто.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3,0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0,6 %. 


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано