ХОЛАНДИЈА ГИ ПРЕСЕЛИ ДЕЛ ОД ЗЛАТНИТЕ РЕЗЕРВИ ОД САД ВО КАНАДА

Холандската централна банка (ДНБ) премести 86 тони од своите златни резерви од САД и Канада во Лондон, наведувајќи ги растечките геополитички немири како причина за преместувањето, објавува Еуроњуз.

Од централната банка објаснуваат дека златните резерви во Лондон се полесни за тргување од оние складирани во Њујорк и Отава. Ова ѝ овозможува на банката побрзо да реагира во кризни ситуации. „Со овој чекор, ја подобривме достапноста на златните резерви. Претпоставуваме дека никогаш нема да ни треба злато, но сепак е потребно да ја зајакнеме нашата отпорност и подготвеност“, рече претседателот на ДНБ, Олаф Слејпен.

Вкупните златни резерви на Холандија изнесуваат 612,4 тони, а нивната вредност на крајот на 2025 година се проценува на 72,2 милијарди евра. Пред ова преместување, банката држеше 31,3 проценти од своето злато во Њујорк и 19,7 проценти во Отава. По преместувањето, уделот во двата града сега изнесува 18,5 проценти подеднакво. Во исто време, уделот на злато складирано во Лондон се зголеми од 18,1 на 32,1 проценти, додека 30,8 проценти од резервите сè уште се чуваат во Холандија, пренесува Индекс.хр.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано