Грција ја прошири програмата за финансиска поддршка за граѓаните кои ќе одлучат трајно да се преселат во одредени делови од земјата, а заинтересираните можат да добијат помош од 10.000 евра.
Апликациите за проширената програма беа отворени на 14 октомври, додека условите за остварување на правото на пари се поедноставени.
Првично, програмата беше наменета да го поттикне населувањето во североисточниот дел на Еврос, но сега ќе вклучува уште десет регионални единици. Целта на грчките власти е да ги ублажат последиците од намалувањето на бројот на жители и да го поттикнат населувањето во областите што се соочуваат со демографски проблеми.
Како што објавува грчкиот весник „Катимерини“, програмата ќе се прошири на регионалните единици Кукуш, Лерин, Косторија, Драма, Пела, Гревена, Кожани, Сер, Јанина и Теспротија.
Во областа на Јанина ќе бидат опфатени седум од осум општини, додека во Теспротија, програмата ќе се однесува на општините Сули и Филијатес.
Програмата првично беше наменета да го поттикне населувањето во североисточниот дел на Еврос, но сега ќе вклучува уште десет регионални единици. Целта на грчките власти е да ги ублажат последиците од намалувањето на бројот на жители и да го поттикнат населувањето во областите што се соочуваат со демографски проблеми.
Една од најважните промени е укинувањето на обврската за докажување на вработувањето на местото на преселување.
Министерката за социјална кохезија и семејни прашања, Домна Михаилиду, објасни дека кандидатите ќе треба да докажат дека поседуваат или изнајмуваат недвижен имот во областа во која се преселуваат.
За разлика од претходната програма, поддршката нема да биде ограничена само на села и мали населби, туку ќе вклучува и преселување во урбани средини.
Финансиската помош ќе се исплаќа на две еднакви рати.
Корисниците ќе ги добијат првите 5.000 евра откако ќе биде одобрена апликацијата, како помош за покривање на почетните трошоци за преселба. Останатите 5.000 евра ќе бидат исплатени по една година постојан престој во избраната област.
Апликантите мора да поднесат доказ за престој, како и документација со која се потврдува дека поседуваат недвижен имот или имаат договор за закуп од најмалку три години.
Проширената програма ги вклучува и грчките државјани кои живеат во други земји од Европската Унија, дипломираните студенти на високообразовни институции во опфатените области кои одлучуваат да останат таму, како и домаќинствата кои ги исполнуваат пропишаните услови за преселување.
Важно е да се напомене дека финансиската помош не значи автоматско стекнување на правото на престој во Грција, пренесува Србија данас.
Фото Економија и бизнис







