ГД Гранит АД Скопје за периодот Јануари – Јуни 2026 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи.
Вкупни приходи
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2026 година изнесуваат 2.432.073 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2025 година бележат зголемување за 60%.
Приходите од продажба за периодот Јануари – Јуни 2026 година изнесуваат 2.168.847 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2025 година бележат зголеување 69% пред се како резултат на фактот дека Друштвото има зголемен обем на работа на проектот автопат Кичево Охрид и неколку други проекти.
Финансиските приходи за периодот Јануари – Јуни 2026 година изнесуваат 156.857 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2025 година бележат зголемување за 6% пред се како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка АД Скопје.
Вкупни расходи
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2026 година се во износ од 2.114.101 илјади денари, споредено со истиот период 2025 година бележат зголемување за 55% и истото е соодветно на зголемувањето на приходите од продажба и поголемиот обем на активности.
Трошоците за вработени се зголемени за 4% во однос на минатата година, додека останатите трошоци од работењето се зголемени за 5%.
Трошоците за услуги се зголемени во однос на истиот период минатата година за 83% пред се поради поголемиот обем на ангажирани подизведувачи на Проектите.
Во периодот Јануари – Јуни 2026 година, Друштвото оствари консолидирана нето добивка во износ од 317.972 илјади денари, што споредено со истиот период 2025 година бележи зголемување за 109%.
Вкупната консолидирана сеопфатна добивка изнесува 135.939 илјади денари, и е помала од добивката пред се поради намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во текот на 2026 година.
Во однос на финансискиот план на Друштвото за 2026 година, приходите од продажба се реализирани во рамки на планираните, додека остварената добивка е над планираните износи за 2026 година, но треба да се има во предвид дека податоците се однесуваат само на работењето од првата половина од 2026 година. Приходите од финансирање се реализирани над планираниот износ за 2026 година.
Дивиденда
Во периодот Јануари – Јуни 2026 година, е одржано Годишното Собрание на акционери за 2025 година на 18.05.2026 на кое се одлучувало за распределба на дивиденда за 2025 година и истата изнесува 135.739.996 денари или 49 денари бруто по една акација.
Исплатата на оваа дивиденда ќе се изврши до 30,09,2026 година.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Јуни 2026 година изнесуваат 45.992 илјади денари во опрема и механизација.
Очекувања во престојниот период
Со оглед на вкупната економска состојба во државата очекувањата за наредниот период се побрзо завршување на постоечките инфраструктурни проекти на кои работи Друштвото и добивање на нови проекти од областа на градежната инфраструктура преку нови тендери.








