ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ДАНОК НА ШЕЌЕР, дополнителни даноци за безалкохолните пијалоци

Германската министерка за здравство Нина Варкен (CDU) објави дека Германија очекува да генерира околу 650 милиони евра следната година преку планираниот данок на шеќер.

Овој приход ќе се користи за зајакнување на фондовите за законско здравствено осигурување и со тоа ќе им се обезбеди олеснување на осигурениците, изјави Варкен за германската уредничка мрежа RND.

„Ќе се договориме за деталите заедно со Министерството за финансии, земајќи ги предвид експертските препораки на Комисијата за финансирање на здравството што ја назначив“, додаде таа.

Според планот, данок од 26 центи по литар ќе се наплаќа за пијалоци со помеѓу 5 и 8 грама шеќер на 100 милилитри почнувајќи од 2027 година. За пијалоци со содржина на шеќер над 8 грама на милилитар, данокот ќе биде 32 центи.

Воведувањето на данокот на шеќер првично беше планирано за 2028 година. Германската влада го процени очекуваниот дополнителен приход за таа година на околу 450 милиони евра, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано