Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево го зафати Скопје, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Невремето, како што посочуваат од УХМР, се движи од северозапад кон југоисток.
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека поради силното невреме Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција, информира грдоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој во Фејсбук објава нагласи дека се во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.
Додаде дека екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба.






фото МИА








