Здружението на европската текстилна индустрија, кое ги обединува речиси 30 европски компании од текстилната индустрија, побара од Европската комисија да воведе такса од 10 евра за мали пакети што пристигнуваат во Европа главно од Кина. Од европското здружение сметаат дека приходите од повисоките царински давачки треба да бидат насочени кон зајакнување на царинските контроли, а не кон општиот буџет на Европската комисија.
Од 1 јули, Брисел веќе наплаќа три евра за секоја категорија производи во мали пакети што се увезуваат во ЕУ.
Европската комисија планира да ја дополни таа мерка од ноември со посебна такса за обработка на пратките, чија висина сè уште не е конечно утврдена.
Според сегашните планови, таа би можела да изнесува околу две евра по пакет.
Барањето од европската текстилна индустрија доаѓа во време на брз раст на прекуграничната трговија со мали пакети.
Во текот на 2025 година, на пазарот на Европската Унија влегоа речиси 5,9 милијарди мали пратки, од кои 93 проценти пристигнаа од Кина.
Европската текстилна индустрија тврди дека деловниот модел на гореспоменатите кинески платформи создава нелојална конкуренција за домашните производители и дополнително ги оптоварува царинските служби.
Француското здружение на модната и конфекциската индустрија го поддржа барањето за надомест од 10 евра, проценувајќи дека овој износ нема да претставува казна, туку „реална цена“ на деловниот модел на овие платформи.
Според француското Министерство за финансии, воведувањето данок од три евра веќе доведе до пад на увозот на мали пакети во ЕУ за 30 до 40 проценти.
Во Франција, стапи на сила мерка против ултрабрзата мода, која предвидува дополнителен данок на производи од платформи, кој би можел да достигне 19,5 евра за одредени артикли до 2030 година, пренесува B92.
Фото Економија и бизнис








