Европа се подготвува за НАТО во кое Америка нема да ја има главната улога

Балканот пред пресврт

Европските земји сè почесто разговараат за сопствена безбедносна стратегија и зајакнување на европскиот столб во НАТО, во услови на растечка неизвесност околу идната улога на Соединетите Американски Држави во Алијансата.

Во Брисел, Париз и Берлин сè погласно се зборува за заеднички фондови за одбрана, координирано производство на оружје и поголема европска самостојност во безбедносните прашања.

Дополнителен поттик за овие дискусии доаѓа од политиките на Доналд Трамп, кој повеќепати ја доведе во прашање улогата на НАТО и американските обврски кон европските сојузници.

Во меѓувреме, Германија значително ги зголемува воените инвестиции и до крајот на деценијата би можела да стане една од трите земји во светот со најголеми воени буџети.

Според аналитичарите, Европа не планира да го замени НАТО, туку да се подготви за сценарио во кое ќе мора да преземе поголем дел од одговорноста за сопствената безбедност.

Прашањето за европската безбедност е тесно поврзано и со новите геополитички идеи за проширување на европскиот политички простор и улогата на Канада во него. Повеќе во целосната анализа.

Повеќе од истиот автор

Најчитано