ЕВРОПА Е ЗАВИСНА ОД КИНА, НО КИНЕСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЗАВИСНИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ВО ПОВЕЌЕ КЛУЧНИ СЕКТОРИ: авиоиндустријата, фармацијата, роботиката…

Зависноста на Европа од Кина е позната, но често се занемарува фактот дека Кина се потпира и на Европската Унија за клучните технологии. И покрај напорите на Пекинг да постигне технолошка самоодржливост, таа останува зависна од европските капацитети во голем број критични области, објавува „Еуроњуз“.

Зависноста на Кина од ЕУ за стратешки технологии, иако се намалува, сè уште не исчезнала. Во сè понапната геополитичка средина, затворањето на јазот стана итен приоритет за Пекинг. 15-тиот петгодишен план, презентиран минатиот март, ја става технолошката самоодржливост во срцето на својата индустриска стратегија до 2030 година.

Во секторите полупроводници, воздухопловство, фармацевтска индустрија, автомобилски чипови, роботика и квантно пресметување, европските компании продолжуваат да снабдуваат производи што се клучни за Кина. Според аналитичарот Сем Гудман, во извештај објавен во мај за центарот „Мартенс“ со седиште во Брисел, Кина би можела да постигне самоодржливост во некои сектори за само неколку години.

Европа продолжува да биде пред Кина по бројот на фармацевтски патенти. „Во 2024 година, компаниите во Италија, Германија и Франција заедно имаа двојно повеќе доделени фармацевтски патенти отколку Кина“, рече Гудман.

Тој додаде дека европските компании продолжуваат да доминираат на пазарот на вакцини. Од друга страна, кинеските инвестиции во истражување и развој пораснаа за 16,2% годишно помеѓу 2020 и 2024 година, двојно побрзо отколку во Европа.

Кога станува збор за медицинска опрема, европските компании остануваат глобални лидери во магнетната резонанца (МРИ), иако обете значително го проширија производството во Кина.

Водечките кинески производители на автомобили  зависат од европските технологии, вклучувајќи ги чиповите од германски, холандски и француско-италијански компании.

Роботите се најновиот пример за технолошкиот напредок на Кина, а малкумина ги заборавиле хуманоидните роботи кои беа во центарот на вниманието за време на телевизиските прослави на кинеската Нова Година. Но, Гудман вели дека значаен дел од синџирот на снабдување, вклучително и компонентите што ги напојуваат тие роботи, го произведуваат европски компании.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано