ЕУ подготвува „EU Inc“: Компанија ќе може да се отвори за 48 часа со капитал од само едно евро

Европската Унија подготвува воведување на единствен европски модел на компанија – „EU Inc“, кој треба значително да ги намали административните бариери за бизнисите и стартапите. Новиот режим ќе им овозможи на претприемачите да регистрираат компанија за само 48 часа преку единствена дигитална платформа, со минимален почетен капитал од едно евро.

Целта е компаниите да не мора повеќе да се приспособуваат на 27 различни национални законодавства, туку да функционираат според еден унифициран европски правен режим. Мерката е наменета особено за иновативните стартапи и брзорастечките компании кои сакаат да се прошират на европскиот пазар.

За Македонија ова отвора можност домашните претприемачи, преку процесот на рана интеграција со ЕУ, да основаат европски компании од Скопје и да добијат третман сличен на фирмите од земјите членки. Повеќе детали за реформите и нивното влијание врз македонската економија се анализирани во главната колумна.


Целата анализа за европскиот Патоказ „Една Европа, еден пазар“ прочитајте ја ТУКА

Повеќе од истиот автор

Најчитано