ЕУ И САД НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР

Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ ги повика преговарачите да постигнат договор што ќе помогне во стабилизирањето на трговските односи со Вашингтон. По шест часа разговори, не е постигнат договор меѓу преговарачките страни, објавува бриселскиот портал Политико.

Преговарачите планираат повторно да се сретнат на 19 мај, иако тој датум сè уште не е потврден, изјави друг функционер на советот.

Европските законодавци и влади постигнуваат добар напредок во преговорите за финализирање на договорот за укинување на царините за увоз од САД, но „сè уште има работа што треба да се направи“, изјави денес Бернд Ланге, главен преговарач на Европскиот парламент.

Според договорот со САД постигнат во Шкотска минатиот јули, ЕУ се согласи да ги укине царините за американските индустриски стоки, додека Вашингтон ќе ги ограничи царините за повеќето стоки на 15 проценти.

Трамп во петокот изјави дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 проценти оваа недела, од сегашните 15 проценти, бидејќи ЕУ не ги почитува условите од претходно постигнатиот договор.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано