Екстремните топлотни бранови и суша што ќе ги погодат големите делови од Европа ова лето би можеле речиси целосно да го поништат очекуваниот економски раст на Европската Унија, според студија објавена денес од холандската банка Триодос.
Според извештајот на оваа банка специјализирана за одржливи проекти, нарушувањата предизвикани од топлината ќе го намалат бруто домашниот производ (БДП) на Европската Унија во 2026 година за околу еден процент, што одговара на директна економска загуба од приближно 180 милијарди евра, објавува Шпигел.
Главната причина за економските загуби е падот на продуктивноста на трудот поради високите температури, што само по себе ќе го намали БДП на Унијата за околу 0,6 проценти.
Дополнително, се очекува земјоделското производство да се намали за три до седум проценти.
Франција ќе биде најпогодената земја, бидејќи честите топлотни бранови би можеле да го намалат БДП за 1,4 проценти и да доведат до вкупен пад на економската активност оваа година од 0,6 проценти, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








