EКСПЕРТОТ ЗА ИНОВАЦИИ Џон Бесант ќе одржи предавање на Економскиот факултет во Скопје

Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе биде домаќин на проф. Џон Бесант (John Bessant), еден од водечките светски експерти во областа на иновациите, претприемништвото и управувањето со иновациските процеси.

Проф. Бесант е почесен професор на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија, и коавтор на книгите „Managing Innovation“ и „Innovation and Entrepreneurship“, кои се меѓу познатите академски и стручни изданија во овие области.

Со повеќе од четири децении академско и практично искуство, неговото гостување претставува можност за запознавање со современите пристапи и перспективи во развојот на иновациите, како и нивната улога во унапредувањето на развојот и конкурентноста на организациите.

Предавањето е отворено за алумни-заедницата на Факултетот, претставници на бизнис-секторот, студенти, истражувачи и сите заинтересирани за иновациите и претприемништвото.

Гостувањето на проф. Бесант се реализира во рамките на активностите на Економскиот факултет за поврзување на академската заедница со меѓународните експерти и деловниот сектор. 


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано