Македонските компании деновиве беа изненадени со известувањата од Македонски пошти за новиот ценовник што се применува од 1 мај 2026 година.
„Зголемувањата на цените се движат до 6 … Не, не,… не се проценти. Некои од цените ЦЕНИТЕ се зголемени за 6 (ШЕСТ) пати (печатени работи, книги, списанија, весници,…)“, се дел од реакциите на социјалните мрежи.
Според новиот ценовник на државната поштенска компанија, услугата за достава на списанија од претходните 6 денари сега се наплаќа за 36 денари или за шест пати поскапа!
Фото Економија и бизнис








