ДОЛГОТ НА СРБИЈА КОН КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ БАНКИ СО ДРАСТИЧЕН РАСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ, задолжувањето било за изградба на големи и значајни инфраструктурни проекти

Долгот на Србија, според најновите податоци од Управата за јавен долг, изнесува 39,2 милијарди евра, или 41,5 проценти од БДП, што е значително под критичната граница од 60 проценти.

Од друга страна, податоците од последната аукција на долгови покажуваат дека интересот на инвеститорите бил помал од очекуваниот. Затоа, биле продадени помалку обврзници отколку што планирала државата. Интересот на инвеститорите за српскиот долг во моментов е во опаѓање, иако е прерано да се заклучи дека ова ќе биде тренд и во иднина, пишува Форбс Србија.

Податоците за листата на доверители покажуваат дека државата се повеќе и повеќе позајмува од комерцијалните банки. За споредба, износот на тој долг се зголемил 14 пати од февруари 2022 година до февруари оваа година. Во тоа време, според податоците на Управата за јавен долг, тој изнесувал само 375 милиони евра. Сега тој долг се искачил на повеќе од пет милијарди евра.

Форбс Србија истражуваше зошто државата се повеќе позајмува од комерцијалните банки и дали другите извори на финансирање на јавниот долг почнуваат да пресушуваат?

Анализата на државното задолжување, односно структурата на јавниот долг, покажува дека, мерено според износот на долгот, комерцијалните банки се на третото место меѓу српските кредитори. Веднаш зад купувачите на еврообврзници и долгорочни државни обврзници во динари.

За споредба, во 2020 година, комерцијалните банки воопшто не беа на листата на 10-те најголеми кредитори на Србија, но од појавата на Ковид-19, тие само се искачија на скалата на листата на кредитори. Се разбира, паралелно со сè позначајното државно задолжување од комерцијалните банки.

Ова е особено забележливо кога зборуваме за задолжување за изградба на големи и значајни инфраструктурни проекти. Покрај белградското „мало метро“, државата во последните години позајмувала од домашни банки за изградба на Националниот стадион и придружните инфраструктурни објекти, како и за патни правци како што се автопатот Дунав или патот Рума – Шабац – Лозница.

За повеќето од овие проекти, заемот е земен од Поштанска Штедионица, практично единствената државна банка во Србија.

Неодамнешната вест дека државата не успеала да ги продаде сите планирани обврзници дополнително ги поттикна шпекулациите дека ризикот на земјата расте, односно дека изворите на финансирање преку долг се исцрпуваат. А со тоа, банките, особено државните банки, стануваат сè почест извор на финансирање, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано