ДОБРА ИДЕЈА Е ЕВТИНА ТАРИФА ЗА СТРУЈАТА ДА ИМА И ВО САБОТА, изјави претседателот на РКЕ Ристов

Идејата на Регулаторот е да направи ревизија на блок тарифите кои се воведени за време на енергетската криза во 2022 година, бидејќи во меѓувреме многу се променети работите во енергетскиот систем и сектор. Затоа мислиме дека има простор да се направи ревизија се со цел некако да се внесат во мрежата, односно во конзумот новите трендови на производство на електрична енергија од обновливи извори. Генералната идеја е граѓаните да плаќаат пониски сметки за потрошената електрична енергија, вели Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) во интервју за МИА и нагласува дека е добра идеја покрај во недела да има евтина тарифа на електричната енергија и во сабота. Процесот е отворен и мислам дека заслужува внимание, заслужува напор сите да бидеме во тек со времето, посебно во ова динамично време во енергетиката кое ќе стане уште подинамично. Бидејќи обновливите извори на енергија се непредвидливи и тоа создава дополнителни проблеми во мрежите и во системите за управување. Ветерната енергија и сончевата моментално се бум за инвестирање, а многу малку се инвестира во хидроенергијата која би требало да биде базична енергија, бидејќи хидроелектраните дали мали или големи, би требало да произведуваат 24 часа дневно и се со константно и предвиливо производство. Но, тие се се потешки за инвестиции и нивната изградба трае подолго време и е поврзано со многу процедури во државата за добивање на дозволи, енергетски, еколошки,…, а и хидрологијата во последните неколку години е малку проблематична со климатските промени. Заради тоа сите моментално се сконцентрирани на ветер и сонце, а тоа значи кога имате хиперпродукција на пазарот цените паѓаат. Затоа луѓето треба да бидат внимателни со инвестициите во енергетиката и не секој треба да си го дозволи луксузот да инвестира. На крај ,тоа е лична проценка и луѓето инвестираат во она што мислат дека брзо ќе се врати, вели Ристов.

-Генералната идеја е граѓаните да плаќаат пониски сметки за потрошената електрична енергија. Идејата на Регулаторот е да направи ревизија на блок тарифите кои се воведени за време на енергетската криза во 2022 година, бидејќи во меѓувреме многу се променети работите во енергетскиот систем и сектор. Затоа мислиме дека има простор да се направи ревизија се со цел некако да се внесат во мрежата, односно во конзумот новите трендови на производство на електрична енергија од обновливи извори.  Тие имаат своја специфика и се произведуваат во денските часови за разлика од едно време кога имаше ноќна тарифа за евтина електрична енергија и се стимулираше ноќната потрошувачка заради цената, бидејќи индустријата работеше преку ден.

Сега со драстичните промени на пазарот, посебно за производството имаме дневна евтина, а скапа ноќна електрична енергија поради што ќе мораме да ја смениме и филозофијата на трошење на таа енергија. Акумулацијата на енергијата е многу тежок процес и немаме доволно капацитети да правиме толкави акумулирања или складирања на енергија за да можеме да го избалансираме целиот систем и се уште е актуелен принципот – како се произведува така треба да се троши.

Првите анализи покажуваат дека во одредени периоди на  денот може да им се понуди поевтина енергија на граѓаните или, пак, да се зголеми периодот на користење на таканаречената евтина тарифа. Тоа ќе ни го покаже математиката дали е изводливо – може, не може и колку може. Крајната цел ни е со зголемувањето на потрошувачката малку да се покачи цената на електричната енергија произведена од обновливи извори на берзата во делот од денот кога берзанската цена е нула денари – што не е економски параметар. Бидејќи ништо на светот не се произведува за нула денари затоа што компаниите имаат свои трошоци и кредитни линии за инвестиции поради што нулата не може да биде нула и не е нула. Пазарот е побарување и потрошувачка и доколку се зголеми побарувачката малку ќе се зголеми и цената на берзата што на луѓето кои произведуваат сепак ќе им даде некаква безбедност и извесност во  инвестирањето. Ако сега застанеме со инвестирањето во обновливи извори на електрична енергија ќе се вратиме  чекор назад. Идејата на цела Европа е да се инвестира во зелена енергија, во обновливи извори на енергија, но со овие цени на енергијата на берзата во текот на денот тоа станува неисплатливо за инвеститорите и можеби ќе застане бранот на инвестирање што не е добро за никого, бидејќи крајната цел на Европа и на светот е зелената енергија, односно производството на енергија од обновливи извори, вели Ристов.

Она што ние сега моментално го добиваме како податоци од македоната берза, односно од МЕМО, во кој период од денот колку енергија се троши по која цена се продава, факт е дека има еден убав период од 11 до 15 часот во кој берзанските цени се многу ниски затоа што имаме вишок на енергија. Во тој распон можеби ќе се движиме со зголемување на периодот на поевтина електрична енергија, а за разлика од тоа можеби ќе има намалување во ноќните часови. Најскапата енергија на пазарот и највисоката берзанска цена е од 21 до 23 или 24 часот, токму во периодот кога ние имаме ноќна евтина тарифа што е апсурд. Ние сега му викаме на ЕСМ ти давај ја енергијата по 65 евра за мегават час во овој ноќен период без разлика што на берза е 300 евра. И тоа е економски неисплатливо, вели претседателот на РКЕ.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано