ДИГИТАЛНО ЕВРО – ТЕСТИРАЊЕТО ЗАПОЧНУВА ВО 2027 ГОДИНА, пробната верзија на дигиталното евро нема да има статус на законско средство за плаќање

Европската централна банка ги забрзува подготовките за воведување на дигитална валута, но конечната одлука зависи од усвојувањето на законската рамка во институциите на Европската Унија

Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро, а пилот-проектот за тестирање на новиот метод на плаќање треба да започне во втората половина на 2027 година, објави членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне.

За да се започне со проектот, потребно е да се усвои законската рамка, поради што Чиполоне ги повика Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија што е можно поскоро да ги завршат преговорите за регулативите.

Вработените во Евросистемот, избрани банки и други даватели на услуги за плаќање, како и трговци, ќе учествуваат во пробната програма. Ќе бидат тестирани секојдневните плаќања во продавници, кантини на централните банки и онлајн.

ЕЦБ веќе избра 36 даватели на услуги за плаќање од повеќе од 50 апликанти, додека изборот на интернет и мобилни трговци ќе биде објавен на почетокот на следната година.

Пробната верзија на дигиталното евро нема да има статус на законско средство за плаќање. Целта е да се проверат техничките можности, безбедноста и функционирањето на системот пред евентуалното официјално воведување.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано