Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со над 50 километри на час.
Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер со над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да се спушти до 14, а максималната да достигне до 26 Целзиусови степени.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на новата седмица, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Фото Економија и бизнис








