ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ПОВЕЌЕ СКОПСКИ НАСЕЛБИ

Денеска без електрична енергија од 08:00 – 09:30, се до 14:30 – 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од општина Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
РЦУК информира дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 08.00 до 15.00 часот, ќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов“, во општина Аеродром.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на објекти на улица „Вангел Динуи“ и дел од непарни броеви од улица „Франце Прешерн“, во општина Карпош.

Без струја во периодот од 08.30 до 14.30 часот, ќе бидат корисниците на дел од улица „Методија Андонов Ченто“, објектите кај ЗПЗ Напредок, сендвичара Хит, објектите од место викано Триангла до надвозникот за Ченто, во општина Гази Баба.

Без струја во периодот од 09.30 до 14.30 часот, ќе бидат и корисниците на дел од улица „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“, во општина Ѓорче Петров.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано