Цените на нафтата пораснаа втора последователна трговска сесија, бидејќи загриженоста за можни прекини во снабдувањето од Блискиот Исток ги надмина знаците за закрепнување на извозот на сурова нафта од регионот.
Фјучерсите за сурова нафта Брент од Северното Море денес пораснаа за 1,49 долари, или 1,4 проценти, на 106,77 долари за барел.
Американската WTI нафта порасна за 1,34 долари, или 1,5 проценти, на 93,94 долари за барел.
Двата референтни вида нафта ја завршија претходната трговска сесија со зголемување од речиси еден долар за барел.
Пазарот сè уште е доминиран од загриженоста за конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и неговото влијание врз снабдувањето со енергија, особено преку Ормуската Теснина, еден од најважните светски транспортни правци за нафта и гас, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис








