На лондонскиот пазар, барел нафта се тргуваше попладне по речиси иста цена како и на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела – 87,92 американски долари. На американскиот пазар, цената беше за 51 цент пониска и изнесуваше 81,98 американски долари, пренесува Хина.
Расположението на пазарите минатата недела беше обележано со ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран во регионот на Персискиот Залив.
Според одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), цената на барел од референтната кошничка за нафта на нејзините членки се зголеми за 78 центи на 84,17 долари во петокот.
Фото Економија и бизнис








