Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се откажал од планот за наплата за навигација на бродовите низ Ормуската Теснина, откако неколку земји од Персискиот Залив го советуваа да не го прави тоа, а за возврат му понудија да инвестираат во САД.
„Ме повикаа различни луѓе, од различни земји, кралеви и емири и сите што ги познаваме и велат дека сакаат да о направиме тоа на поинаков начин“, рече Трамп.
Сепак, тој ја бранеше идејата за навигациска такса, тврдејќи дека неговиот концепт всушност би бил компензација за безбедноста што САД ја обезбедуваат на бродовите што минуваат низ Ормус.
Трамп постојано инсистираше дека на САД не им е потребен пристап до теснецот, за разлика од нивните сојузници, без оглед на влијанието што неговото затворање го има врз цените на нафтата низ целиот свет.
Цените на нафтата се стабилизираа денес, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од планот за воведување такса од 20 проценти за товар што минува низ Ормуската Теснина, кој е под заштита од американската војска.
Денеска цена на суровата нафта Брент беше околу 83 долари за барел, а американската сурова нафта WTI беше околу 78 долари.
Фото Економија и бизнис








