„Безбеден град“ евидентираше над 310 илјади прекршоци, 301 илјада за брзо возење

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци, 301.835 за брзо возење, 180.378 за возила со странски регистарски ознаки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци.

Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19.08.2026 до 20.08.2026 регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Повеќе од истиот автор

Најчитано