АЗЕСКИ СО ПОРАКИ ЗА ШЕСТЕ КОМОРИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи прес-конференција на тема „Преку соработка со ЕУ и регионалните институции, до поголема економска поврзаност на Западен Балкан“.

Како што соопштуваат од Комората, регионалната соработка и создавањето предвидлив и поврзан деловен простор им овозможува на повеќе од 350.000 компании од регионот полесен пристап до поголем број пазари. 

Во таа насока, во рамки на Берлинскиот процес, високи претставници на Европската комисија, претставници на регионалните тела, ЦЕФТА и Советот за регионална соработка, раководни претставници од ресорните министерства и стопанственици од регионот на Западен Балкан, на повеќе настани во Црна Гора преку институционален дијалог ќе дискутираат за примената на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар и инструментите за поддршка на регионалниот раст.

– На состанокот на министрите за економија од регионот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ќе биде единствениот претставник од шесте комори на Западен Балкан и ќе ги пренесе пораките на деловниот  сектор како да се надминат секојдневните предизвици кои го кочат бизнисот – стои во соопштението.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано