НАСКОРО ЗА ЕДНОДНЕВНИТЕ ТУРИСТИ ВЛЕЗОТ ВО ВЕНЕЦИЈА БИ МОЖЕЛ ДА ЧИНИ 50 ЕВРА!?

Пробниот период за влез со плаќање „билети“ во историскиот центар на Венеција заврши на 26 јули. Оваа година, системот беше во сила вкупно 60 дена, а Градската администрација ги објави првите, прелиминарни резултати – издадени се повеќе од 650.000 платени ваучери, а приходите надминаа 5 милиони евра. Во 2024 година, Венеција беше прва во светот […]

ВО АНГЛИЈА Е ПРОГЛАСЕНА СУША, повеќе од 20 милиони луѓе веќе се опфатени со забраната за користење на водата за полевање на градини

Во повеќе од половина региони  од Англија е прогласена суша, бидејќи продолжената топлина и суво време сериозно ги загрозија водоснабдувањата на земјата. Агенцијата за животна средина (EA) објави дека седум региони, кои вклучуваат големи делови од централна, источна и јужна Англија, сега се во официјален режим на суша. Како што наведуваат, последиците веќе се чувствуваат […]

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годинава. – По одреден застој се откочи […]

ГАРАЖА ВО РИМ ПРОДАДЕНА ЗА 760.000 ЕВРА,  за истата сума може да се купи вила од 500 квадрати

Во историскиот центар на Рим, место за автомобил од 34 квадратни метри достигна пазарна цена како за една вила. Пазарот на недвижности во Рим достигна необичен парадокс: рекордни цени повеќе не постигнуваат само станови и куќи, туку и нивните најмали делови – приватни паркинг места и гаражи, пренесува РТС. Гаража од 34 квадратни метри, сместена […]

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии 

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување. Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле […]

ОД УТРЕ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ВЛЕГУВА ВО ЕКОЛОШКИ ДОЛГ, земјите од Балканот ги потрошиле природни ресурси во април годинава

Еколошкиот долг на планетата Земја за оваа година започнува на 30 јули. Моментално, човештвото ги користи природните ресурси 73 проценти побрзо отколку што екосистемите на Земјата можат да ги обноват. Земјите од Балканот веќе се „задолжени“ од пролет. Планетата Земја, на 30 јули, влегува во еколошки долг. Ова значи дека на 30 јули, човештвото ќе […]

НА ДЕВЕТ ГРЧКИ ПЛАЖИ ОДЗЕМЕНА НАГРАДАТА ЗА КВАЛИТЕТ, Грција jа задржа втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет по сини знамиња

Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката […]

ЛОШ ДЕН ЗА АКЦИИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ НА БЕРЗИТЕ ВО АЗИЈА,  СЕ ЧЕКА КЛУЧНАТА ОДЛУКА НА ФЕД ЗА КАМАТНИТЕ СТАПКИ

Голема распродажба на технолошките акции продолжи на азиските пазари на тргувањето во среда, бидејќи инвеститорите се вознемирени поради големите инвестиции во вештачка интелигенција (ВИ) пред објавување на податоците за приходите на американските технолошки компании и одлуката на ФЕД за каматните стапки. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, се лизна за еден процент […]

УТРОВО РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ВО ОКОЛИНАТА НА СТРУГА

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. Извор МИА Фото Економија и бизнис

ДВА ЗАЕМИ ОД СВЕТСКАТА БАНКА И ПРОЕКТОТ СКОПЈЕ ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИЛА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ

Два заеми на земјава кај Светска банка, Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка и изборот на нов уставен судија се на дневен ред на денешните 97. и 119. седници на Собранието. На 97. собраниска седница пратениците ќе треба да се произнесат за предлогот […]