Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии 

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување.

Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација. Сите детали од јавниот повик можат да се најдат на следниот линк: https://skopje.gov.mk/media/12149/јавен-повик-субвенции-на-занаети.pdf.

-Занаетчии кои во тековната година не користеле финансиски средства од Град Скопје. Занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и лица кои поседуваат занаетчиска дозвола и вршат занаетчиски дејности кои, според обработените податоци, бележат континуирано намалување на активноста – се дел од условите наведени во јавниот повик.

 Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи посочува дека со оваа мерка им се дава конкретна поддршка на луѓето кои со својот труд, знаење и посветеност ја чуваат автентичноста на Скопје.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано