МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ПОСВЕТЕНИ  ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕКУГРАНИЧНИОТ ТУНЕЛ НА КОРИДОРОТ 8

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од […]

АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО ПОБАВЕН РАСТ

Американската економија порасна во вториот квартал од 2026 година со годишна стапка од 1,5 проценти, што е побавно од растот од 2,1 процент во претходниот квартал и под очекувањата на аналитичарите кои предвидоа раст од 2 проценти, објави денес Бирото за економски анализи (BEA). Послабиот резултат е првенствено резултат на падот на нето-извозот, додека силната […]

РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА НАД ОЧЕКУВАЊАТА, европската економија се справува подобро од очекуваното со последиците од војната меѓу САД и Иран

Економијата на еврозоната порасна повеќе од очекуваното во вториот квартал од 2026 година, покажаа податоците објавени денес, што укажува на отпорноста на европската економија и покрај енергетскиот шок предизвикан од војната на Блискиот Исток. Според податоците од статистичката агенција Евростат на Европската Унија, економијата на 21 земја од Еврозоната пораснала за 0,4 проценти во периодот […]

НАД ИЛЈАДА МИГРАНТИ МАРОКАНЦИ НАСИЛНО ВЛЕГОА ВО ШПАНСКА ЕНКЛАВА ВО МАРОКО, властите во Сеута побараа од владата во Мадрид да прогласи вонредна состојба и да ја испрати војската да интервенира

Шпанската енклава Сеута во северна Африка прогласи состојба на целосна хуманитарна и социјална вонредна состојба откако повеќе од 1.500 мигранти пристигнаа по море во последните неколку дена, додека властите предупредуваат дека бројот на новодојденци се зголемува секојдневно. Претседателот на Сеута, Хуан Хесус Вивас, изјави дека прифатните центри повеќе немаат слободни места и дека некои објекти […]

СЕДУМ ПАЦИЕНТИ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ СО ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, ДВАЈЦА СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување – изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза […]

ОД ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ СЕ ИСПЛАЌА ПЕНЗИЈА ЗА 147 ЛИЦА, најголем дел со минимален пензиски износ

Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната […]

Клековски: Пробите за водата за пиење во Гостивар ќе продолжат

Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење – истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски. ​- Се следат пробите, тие ќе продолжат и во […]

Две нови електронски услуги за сертификат за извоз на вино и сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки

Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки, како и уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино, се двете нови електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство, наменети за компаниите што од денеска ќе бидат достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.  Како што рекоа министерот за дигитална […]

ВО ГРЦИЈА ПОЧИНАЛЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАРАЗЕНИ ОД ВИРУСОТ ЗАПАДЕН НИЛ

Четири лица заразени со вирусот западен нил починаа во Грција, а во земјата се потврдени вкупно 42 случаи заклучно со вчера, од кои половина се регистрирани во изминатата седмица, во согласност со податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) – јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од […]

Охрид со дводневна програма ќе го одбележи Илинден

Почитувајќи ја традицијата и значењето на 2 Август – Денот на Републиката, Општина Охрид годинава ќе го одбележи големиот македонски празник со дводневна програма исполнета со свечени чествувања, културни настани и музички настапи. Програмата започнува на 1 август во 20:30 часот кај споменикот на Илинденците во селото Велгошти, каде ќе биде положено свежо цвеќе, а […]