ХРВАТИТЕ ЖИВЕАТ НА КРЕДИТИ, Хрватската народна банка ги заострува правилата за кредитирање и предупредува на зголемени ризици во финансискиот систем

Сè поголем број хрватски граѓани живеат на кредит. Речиси секој четврти возрасен отплаќа барем еден потрошувачки кредит, а вкупниот долг на домаќинствата се приближи до 29 милијарди евра. Иако некои граѓани редовно ги отплаќаат кредитите, новото задолжување расте уште побрзо, поради што Хрватската народна банка ги заострува правилата за кредитирање и предупредува на зголемени ризици […]
КИНА ЈА НАДМИНА ФРАНЦИЈА ВО ИНСТАЛИРАНАТА МОЌНОСТ НА НУКЛЕАРНИТЕ ЦЕНТРАЛИ

Во 2026 година се случува пресвртница во глобалната нуклеарна индустрија. Кина официјално ја престигна Франција во однос на вкупната инсталирана моќност на нуклеарните централи и со повеќе од 63,98 гигавати го зазеде второто место во светот, позиционирајќи се веднаш зад Соединетите Американски Држави. Овој значаен резултат доаѓа во време кога, за само неколку дена, Пекинг […]
ВО ЈУЛИ АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА НЕОЧЕКУВАНО ИЗГУБИ 23.000 РАБОТНИ МЕСТА

Американската економија забележа неочекуван пад на бројот на работни места во текот на јули, додека стапката на невработеност малку се намали, објави Бирото за статистика на трудот во петокот во преглед што покажува забавување на вработеноста. Вработувањата во неземјоделски сектори се намалија за сезонски прилагодени 23.000 работни места. Во исто време, невработеноста се намали на […]
МАКЕДОНИЈА УТРЕ ВО ПОРТОКАЛОВО НИВО НА ОПАСНОСТ ОД ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Во Скопје, времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена […]
ИТАЛИЈА ПОД ТОПЛОТЕН УДАР – ИЗМЕРЕНИ 48 СТЕПЕНИ, МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВИЈА НОВИ ПРОГНОЗИ ЗА СРЕДИНАТА НА АВГУСТ

Метеоролозите во Италија денес предупредија дека четвртиот топлотен бран од ова лето, кој е во тек, со температури што денес во Неапол достигнуваат 48 степени, ќе трае најмалку уште десет дена, до 17 август. Податоците собрани од италијанскиот iLMeteo покажуваат дека повеќе од два месеци исклучителна топлина, донесена од четири топлотни бранови од Африка, се […]
ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД ВО ЗАЕДНИЧКИ „ПАКЕТ“ БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ КОН ЕУ

Доколку Исланд гласа на референдумот на крајот од месецот за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ, таа земја и Црна Гора би можеле да станат членки на Унијата истовремено, а Брисел, велат европските претставници и дипломати, е отворен за идејата двете земји да се приклучат кон ЕУ „во пакет“. Европската комесарка за проширување Марта […]
АМЕРИКАНЦИТЕ ОТВОРИЈА НОВИ ДОКУМЕНТИ ЗА НЛО, Федералното биро за истраги проверувало снимки за „Големи темни триаголници со светла“

Министерството на САД денес ја објави петтата серија декласифицирани документи и видеа за неидентификувани аномални феномени (UAPs), попознати како НЛО. Новото издание содржи 130 MB документи и 513 MB видео содржина. Новите снимки од НЛО ја шокираа јавноста, a oбјавените материјали вклучуваат снимки направени во текот на неколку децении на различни локации низ целиот свет. […]
НАЦИОНАЛНИОТ ДАТА ЦЕНТАР ЌЕ БИДЕ СО МАЛА МОЌНОСТ, ВО ПРВА ФАЗА ЌЕ ЧИНИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА

Националниот дата центар којшто сакаме да го изградиме нема да биде со хипер големина, туку се работи за мал дата центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност којшто ќе служи исклучиво за потребите на државата – изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според Андоновски, на државата и треба ваков мал дата центар […]
НОВИ СЕДУМ СЛУЧАИ НА ИНФИЦИРАНИ СО ВИРУСОТ ЗАПАДЕН НИЛ, тројца пациенти се во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, […]
ПОРАДИ СУШАТА РЕЧНИОТ ТРАНСПОРТ НА СТОКИ СЕ ПРЕФРЛА НА КАМИОНИ И ВОЗОВИ, Германија со итни мерки овозможува камионџиите да возат и во недела

Германската влада објави итни мерки за ублажување на нарушувањата во синџирите на снабдување предизвикани од ниските нивоа на реките, сигнализирајќи префрлање на товарот кон патишта и железница и долгорочни прилагодувања на инфраструктурата. Мерките треба да ѝ помогнат на економијата да ги одржи синџирите на снабдување на важни водни патишта како што се Рајна, Дунав и […]