Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во Скопје, времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во Македонија минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.
Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 км/ч.
Фото Економија и бизнис








