АНГЕЛОВ: Имаме премногу пожари, нашите сили се преморени

Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на денешниот ден повторно е алармантна и регистрирани се повеќе од 20 пожари. Поголем дел од нив се се уште активни, пожарникарите имаат полни раце со работа, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Во овој момент активен е пожарот којшто од косовска […]
ВО НИШ ЌЕ СЕ ГРАДИ ЦЕНТАР ЗА ПОДАТОЦИ, топлинската енергија што ќе ја произведува идниот центар за податоци би можела да се користи за загревање помеѓу 5.000 и 8.000 станови

Изградбата на Центарот за податоци во Ниш, со вредност од речиси 50 милиони евра, ќе претставува една од најголемите технолошки инвестиции во градот, изјави градскиот советник Иван Благојевиќ, додавајќи дека следната недела советниците на Градското собрание треба да донесат одлука за префрлање на земјиште од градот Ниш во Република Србија. Центарот за податоци не само […]
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОСЛАБИ ОД ЕВРОПЕЈЦИТЕ

Во 2025 година, 16,3% од луѓето во Европската Унија на возраст над 18 години биле дебели, што значи дека имале индекс на телесна маса од 30 или повисок. Дополнителни 35,4% биле со индекс на телесна маса помеѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од населението на ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на […]
НЕДЕЛЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА ОД ОСУМ ПРОЦЕНТИ

Цената на суровата нафта Брент денес малку падна под влијание на тензиите меѓу САД и Иран, на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво се зголеми за речиси осум проценти, што е највисоко од средината на јули. Американската сурова нафта се тргуваше за околу 90 долари за барел, со неделен раст од речиси […]
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ТРАМП ДОКОЛКУ ФЕД НЕ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ – следува прекин на трговијата со некои земји

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно побара од Федералните резерви (ФЕД) да ги намалат каматните стапки. Во исто време, тој се закани дека ќе ја прекине трговијата со земјите со кои САД имаат трговски дефицит доколку централната банка не ги намали трошоците за задолжување, објави CNBC. Трамп го поднесе барањето откако беа објавени податоците според […]
ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ВОЗАЧИТЕ ВО СРБИЈА ПЛАЌААТ НАЈСКАП ДИЗЕЛ

Од 4 до 11 септември, литар евродизел во Србија ќе чини максимум 234 динари, додека максималната цена на европремиум BMB 95 ќе биде 205 динари за литар. За споредба со историските максимуми, разликата е особено видлива кај дизелот. Во споредба со рекордните 222 динари од ноември 2022 година, дизелот денес е поскап за 12 динари […]
ДЕНЕСКА ВО ШПАНИЈА ИЗМЕРЕНА НАЈВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА ОД 45,7 СТЕПЕНИ, жештината и „тропски ноќи“ беа преку целото лето

Метеоролозите во Шпанија ја потврдија највисоката дневна температура во земјата од почетокот на годината, откако живата во термометарот достигна 45,7 степени Целзиусови. Оваа екстремна топлина е забележана во четврток во градот Ел Гранадо во јужна Андалузија, на границата со Португалија, објави државната метеоролошка служба AEMET. Ова, исто така, го собори претходниот рекорд за септември, поставен […]
Цената на штипската пастрмајлија годинава ќе изнесува 250 денари, „Пастрмајлијада“ на 18 и 19 септември

Штипската „Пастрмајлијада“ и годинава ќе се одржи на две локации, со богата музичка програма, а на гостите ќе им се понуди и познатиот гурмански бренд пастрмајлија. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција најави дека манифестацијата ќе се одржи во петок и сабота, на 18 и 19 септември, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и […]
ОД УТРЕ МОСТОТ НА МАРКОВА РЕКА ВО УПОТРЕБА

Заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвидениот рок и од утре, тој ќе биде во целосна функција, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Средствата за санацијата биле обезбедени од буџетот на ЈПДП, а издвоената вредност изнесувала 4.619.800,00 денари без ДДВ. -Ги известуваме граѓаните на Кисела Вода, поточно граѓаните коишто гравитираат кон населените […]
ПОРАСТ НА СВЕТСКИТЕ ЦЕНИ ЗА ХРАНА, шеќерот најмногу поскапе

Светските цени на храната се зголемија во август по втор пат по ред и сега се на највисоко ниво од ноември 2022 година, со зголемување на цените во сите категории на производи, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО (FFPI), кој ги следи месечните […]